Трамп планира да го помилува поранешниот советник кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна дека го лажел ФБИ околу прашањето на неговите руски контакти, јавија американските медиуми.

EPA-EFE

Аксиос и Њујорк тајмс цитираат анонимни извори, тврдејќи дека Трамп планира да го вклучи Флин во серијата помилувања кои ќе ги даде во последните денови од својот претседателски мандат.

Таните преговори на Флин со рускиот амбасадор во Вашингтон во декември 2016 пред инаугурацијата на Трамп беа основа за темелна истрага на специјалниот советник Роберт Малер во мешањето на Москва во американските избори една година претходно.

Трамп го отпушти Флин само 22 дена откако дојде на власт.

Но американскиот претседател секогаш тврдеше дека таа истрага е политички „лов на вештерки“ и дека Флин, поранешен генерал и шеф на Воената разузнавачка агенција, е „добар човек“.

Во многу необичен потег министерството за правосудство се откажа од предметот против Флин во мај годинава, кажувајќи дека наводното лажење на ФБИ не било значајно, што на Трамп му донесе голема политичка победа.

Но сојузен судија нареди понатамошно правно разгледување на проблемот, а помолување од Трамп би го повлекло случајот од судовите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе