Постослободителна чистка

Трамп отпушти тројца луѓе што сведочеа во неговиот импичмент

Охрабрен од победата и решен да го возврати ударот, американскиот претседател го отпушти Сондланд како амбасадор на ЕУ откако Белата куќа во петокот го отпушти полковникот Виндман.

Доналд Трамп во петокот не губеше време да им се одмазди на оние што ги обвинува за својот импичмент, па отпушти двајца од најважните сведоци во истрагата на Домот само 48 часа откако беше ослободен од Сенатот.

Охрабрен од својата победа и решен да возврати, Трамп му нареди на Гордон Д. Сондленд, основачот на хотелски синџир, кој донираше 1 милион американски долари на инаугурациониот комитет на претседателот, да се повлече од својата позиција како амбасадор во Европската Унија, истиот ден кога обезбедувачите на Белата куќа го измаршираа полковникот Александар С. Виндман, одликуван ветеран од Ирачката војна и член на Советот за национална безбедност.

Отпуштањето на Сондланд и Виндман, заедно со братот на вториов, Јевгени Виндман, армиски офицер што исто така работеше во персоналот на Советот за безбедност, веројатно е вовед во поширока акција на израмнување сметки со замислените противници на претседателот, вели Њујорк тајмс.

Во двата дена по неговото ослободување од страна на Сенатот, Трамп им се закануваше на сите што застанале против него, нарекувајќи ги „злобни“, „корумпирани“ и „расипани“, додека неговиот прес-секретар јавно рече дека оние што го повредиле претседателот „треба да платат за тоа“.

Жестоките постапки и испади брзо беа осудени од демократите, кои рекоа дека претседателот покажува дека се чувствува „како куче пуштено од синџир“, и дека ги усложнува аргументите на умерените републиканци за импичментот, кои застанаа зад него и тврдеа дека ја научил својата лекција и дека во иднината ќе биде повоздржан.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе