Во Претставничкиот дом

Трамп отповикан

Доналд Трамп стана првиот претседател во историјата на САД што бил двапати отповикан од Претставничкиот дом. Домот го отповика претседателот за „поттикнување бунт“ во минатонеделните немири во Капитол.

Фото: ЕПА

Со 232 гласа „за“ и 197 „против“ Претставничкиот дом на САД го отповика претседателот Доналд Трамп, седум дена пред истекувањето на неговиот мандат.

За отповикувањето на Трамп гласаа и 10 републиканци. Со гласовите на републиканците ова е најдвопартискиот импичмент на претседател во историјата. За споредба, пет демократи гласаа за импичмент на Бил Клинтон во 1998 година.

За да биде целосно отповикан, Трамп сега го чека судење во Сенатот, каде што доколку биде обвинет, може да се соочи со забрана некогаш повторно да ја извршува функцијата. 

Со оглед на тоа дека Сенатот е поделен 50-50 помеѓу демократите и републиканците, за отповикувањето ќе треба да гласаат сите демократски сенатори плус уште 17 републиканци.
 
Иако Трамповиот мандат завршува на 20 јануари, Претставничкиот дом на четири страници го објасни предлогот за отповикување и наведе дека „Трамп покажа дека и понатаму ќе биде закана за националната безбедност, демократијата и Уставот ако остане на должност бидејќи не се однесуваше во согласност со своите овластувања и владеењето на правото“.

Трамп е единствениот од 45-те американски претседатели што бил отповикан двапати. Ако и Сенатот го изгласа отповикувањето, тоа може да го спречи Трамп некогаш повторно да се кандидира за претседателската функција.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе