Резиденцијата на американските претседатели

Трамп откри дека следниот самит на Г7 ќе биде во Кемп Дејвид

Самитот на групата Г7 следната година ќе биде одржан во Кемп Дејвид, резиденцијата на американските претседатели во близина на Вашингтон, кажа вчера Доналд Трамп.

„Мислам дека е помалку или повеќе сигурно дека тоа ќе го направиме во Кемп Дејвид“, кажа американскиот претседател во Лондон пред почетокот на самитот на НАТО.

Тој кажа дека Кемп Дејвид, кој е сместен во зафрлена област одалечена 100 километри од Вашингтон е „место кое сите го сакаат“.

Трамп истакна дека Кемп Дејвид ќе пружи можност за „некои многу посебни нешта“, иако не ја елаборираше мислата.

Американскиот претседател Барак Обама во 2012 година го организираше самитот на Г8 во Кемп Дејвид.

Трамп во октомври објави дека ќе го организира самитот на својот имот Трамп нешнал Дорал во Мајами. Се откажа од планот поради жестоките критики дека станува збор за конфликт на интереси.

Тој ја повлече својата одлука на 19 октомври, само два дена откако го објави планот, истакнувајќи дека за тоа се виновни медиумските извештаи и непријателството на опозициските демократи.

Тогаш тој тврдеше дека даночните обврзници на тој начин би заштедиле пари бидејќи би го организирал самитот на неговиот имот бесплатно.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе