Илан Омар

Трамп остро ѝ одговори на конгресменката муслиманка: „Нема да заборавиме“ (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави видео со кое потсетува на терористичкиот напад на 11 септември 2001 година.

Со видеото со напис „Никогаш нема да заборавиме“ тој ѝ одговори на конгресменката од Минесота Илан Омар.

Трамп брутално ја нападна Илан Омар, една од двете жени од исламска вера што минатата година беа изгласани за во Конгресот. Тој ја закачи видеоснимката со ужасни сцени од уривањето на кулите во Њујорк.

Илан Омар е често критикувана изминативе неколку дена откако во јавноста излезе снимка на која таа им се обраќа на група муслимани, говорејќи за 11 септември и за подоцнежното влијание што настанот го имаше врз членовите на заедницата.

„ЦАИР (Советот за американско-исламски односи) е основан по 9/11, бидејќи тие препознаа дека некои луѓе сториле нешто и дека сите ние почнуваме да го губиме пристапот до нашите граѓански слободи“, рече таа тогаш.

Фактот дека таа го употребила зборот „нешто“ за стравотиите што предизвикаа смрт на околу 3.000 луѓе беше доволен да се најде на удар на критики, а пред сè од републиканците.

Њујорк пост, таблоид во сопственост на Руперт Мардок, неделава објави насловна страница на која се гледаат „близначките“ во пламен со порака до Илан Омар: „Еве ти го твоето нешто“.

Видеото објавено од претседателот ги покажува сцените од Њујорк и Пентагон, а ги пресекува говорот на конгресменката одржан минатиот месец.

Видеото завршува со зборовите: „11 септември 2001 година. Ние памтиме.“

Илан Омар по потекло е од Сомалија. Таа се преселила во САД во 1995 година, откако поминала четири години во бегалски камп во Кенија.

На објавата на Трамп таа одговори со цитирање на Џорџ В. Буш.

„Луѓето - и луѓето што ги уништија овие згради, ќе нè слушнат сите нас наскоро“, го цитираше таа Буш.

„Дали Буш го намали ужасот на терористичкиот напад? А што ако беше муслиман?“, напиша Омар.

37-годишната конгресменка, мајка на три деца, честопати го предизвикува гневот на конзервативците. Некои дури ја обвинуваат и за антисемитизам. Во своја одбрана вели дека е цел на напади бидејќи таа и други млади, прогресивни членови на Конгресот се подготвени да ја критикуваат политиката на Израел кон Палестина.

Некои од оние што застанаа во нејзина одбрана се Рашида Тлаиб од редовите на демократите, Ајана Пресли од Масачусетс и конгресменката Александрија Окасио-Кортез.

„Доаѓаме до ниво каде што ова е поттикнување на насилство против прогресивната обоена жена и ако тие не можат да сфатат како да ја вратат политиката, мора да го наречеме онака како што е, затоа што ова не е нормално и ова не е нормално ниво на политичка дебата и реторика“, рече Окасио-Кортез за Пост.

Сенаторот Берни Сандрес од Вермонт, кој се кандидира за претседател, брзо ѝ се приклучи на Окасио-Кортез.

„Илан Омар е лидер што поседува сила и храброст. Таа нема да отстапи пред расизмот и омразата на Трамп, а ни ние нема да отстапиме“, напиша тој на Твитер. „Одвратните и опасни напади против неа мора да престанат.“

И Илан Омар и Александрија Окасио-Кортез, како што тврдат, добиваат смртни закани.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе