Авионите веќе биле во воздух

Трамп одобрил напад врз Иран, но во последен момент го откажал (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп денес одобрил воен напад врз Иран во знак на одмазда поради соборувањето на беспилотното летало вредно 130 милиони долари, но го откажал кога авионите веќе биле во воздух, објави Њујорк тајмс.

Трамп првично одобрил напад на одреден број избрани цели, како што се радарски и ракетни системи, според информации од високи административни службеници вклучени или информирани за темата.

Нападите биле закажани за петок пред зори за да се намали ризикот за иранската војска или цивилите, додаваат.

„Авионите веќе беа во воздух и бродовите на своите позиции, но ниту еден проектил не беше лансиран кога пристигна пораката: Откажете“, Њујорк тајмс цитираше висок официјален претставник од Белата куќа.

Не е јасно дали нападите врз Иран сепак ќе се спроведат, како што не е позната причината за откажување на нападот, се истакнува.

Американските медиуми објавија дека „капката што ја прелеа чашата на Трамп“ било соборувањето на американскиот дрон во четвртокот.

Видеоснимка од иранските сили како го уништуваат дронот на американската морнарица е објавена на социјалните мрежи на иранската армија.

На видеото е прикажано лансирање на ракета и експлозија во моментот кога ќе го погоди дронот.

Краткиот клип снимен во раните утрински часови со драматична музика во позаднина покажува лансирање од артилеријата на Иран и експлозија на мета на небото, за која тврдат дека е американски дрон.

Ниту една од снимките дефинитивно не потврдува дали соборувањето се случило во меѓународните води или во воздушниот простор на Иран, што е спорна точка меѓу Вашингтон и Техеран.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе