Откако демократите соопштија две точки

Трамп одговори на обвинението за импичмент: „Лов на вештерки!“

Речиси еден час откако демократите од Претставничкиот дом ги објавија своите две точки од обвинението за импичмент против Доналд Трамп, Трамп конечно одговори на Твитер.

„Надлер тукушто рече дека 'сум вршел притисок врз Украина да се меша во нашите избори во 2020 година'. Смешно, и тој знае дека тоа не е точно. И претседателот, и министерот за надворешни работи на Украина, многупати рекоа дека „НЕМАЛО ПРИТИСОК'. Надлер и демократите го знаат тоа, но одбиваат да го признаат!“, напиша Трамп.

Вториот твит, објавен неколку минути потоа, едноставно гласи „ЛОВ НА ВЕШТЕРКИ!“

Демократите од Домот денеска соопштија две обвинителни точки за импичмент против Доналд Трамп: злоупотреба на службената должност и попречување на Конгресот.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе