Трамп одбра две локации за својот говор по повод претседателската номинација

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека говорот со кој ќе ја прифати републиканската номинација за претстојните претседателски избори ќе го одржи или во Белата куќа или на историското боиште Гетисбург.

EPA-EFE

„Го стеснивме изборот за говорот по повод прифаќањето на претседателската номинација на ноќта на конвенцијата на две локации – боиштето Гетисбург во Пенсилванија и Белата куќа во Вашингтон. Наскоро ќе ја објавиме одлукаа“, напиша Трамп на Твитер.

Двете места се имот на федералната влада па нивното искористување за одржување политички натсан би можело да отвори и правни и етички прашања.

Гетисбург е местото каде во 1863 година силите на Унијата ги поразиле силите на Кофедерацијата во најголемата позната битка на територијата на Северна Америка. Американскиот претседател Абрахам Линколн четири месеци подоцна на истата локација го одржал својот краток, но важен говор кој се смета за еден од најславните во американската историја.

Годинешните претседателски избори се закажани за 3 ноември.

Плановите за републиканската конвенција се сменија во последните месеци поради пандемијата на коронавирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе