Трамп одби да учествува во виртуелна дебата: Мислам дека воопшто не сум заразен (ВИДЕО)

Претседателот на САД Доналд Трамп кој неодамна објави дека е заразен со коронавирус и помина неколку дена во болница, рече дека сепак има намера да учествува во следната дебата со Бајден. Од друга страна, Џо Бајден потврди дека ќе учествува во виртуелна дебата.

Фото: ЕПА

Трамп смета дека не е заразен и тврди дека се чувствува доволно добро за да продолжи да одржува политички митинзи воочи изборите на 3 ноември.

„Се вратив затоа што сум совршен физички примерок“, рече републиканскиот претседател во интервју за Фокс бизнис нетворк, прво откако беше откриено дека е позитивен на коровавирус.

За тврдењето дека не е заразен, неговите лекари допрва треба да презентираат цврсти докази. Белата куќа одбива да открие кога бил направен последниот тест за коронавирус кога бил негативен, па така не се знае ни колку долго е позитивен.

Трамп е под притисок да ги продолжи политичките митинзи за да го врати замавот на кампањата за нов мандат во Белата куќа, четири недели пред денот на изборите. Анкетите во клучните држави покажуваат дека тој заостанува зад својот противник, демократот Џо Бајден.

Утрово е објавено дека дебата ќе се одржи на 15 октомври, како што е предвидено, но ќе се одржи виртуелно, пишува Еј-би-си њуз.

Комитетот за претседателски дебати (КПД) утрово објави дека втората предизборна дебата меѓу поранешниот потпретседател Џо Бајден и претседателот Доналд Трамп ќе биде виртуелна.

Дебатата ќе се одржи според предвидениот распоред, на 15 октомври, но кандидатите во неа ќе учествуваат од одделни локации „за да се заштити здравјето и безбедноста на сите вклучени“.

Претседателот Доналд Трамп денеска изјави дека нема да учествува во втора претседателска дебата со Џо Бајден, откако Комитетот за претседателски дебати соопшти дека таа ќе се одвива виртуелно.

„Нема да губам време на виртуелни дебати“, рече Трамп во интервју за Фокс бизнис нетворк. „Мислам дека воопшто не сум заразен“.

„Се чувствувам добро, многу добро“, додаде републиканецот, кој помина три ноќи во воената болница Волтер Рид пред да биде пуштен во понеделникот.

Откри дека повеќе не прима поголем дел од терапијата за вирусот, но призна дека сè уште е на стероиди.

Трамп честопати е критикуван за потценување на сериозноста на коронавирусот, кој однесе 210.000 животи во САД и остави милиони без работа.

Тој продолжи да го потценува и откако се зарази, поради што социјалните мрежи го цензурираа затоа што шири дезинформации.

„Мислам дека тоа беше Божји благослов. Ова беше скриен благослов“, рече тој во видеото објавено на неговиот профил на Твитер, додавајќи дека лековите од биотехнолошката компанија Реџенерон фармасеутикалс му овозможиле да ја искуси нивната ефикасност.

Тој вети дека ќе го направи лекот бесплатен за сите Американци, иако не објасни како ќе го стори тоа и кој ќе ги сноси трошоците.

„Не е ваша вина што се случи ова. Виновна е Кина. И Кина ќе плати голема цена за она што ѝ го направи на оваа земја. Кина ќе плати голема цена за она што му го направи на светот. За ова е виновна Кина. Само запомнете го тоа“, рече Трамп во видео пораката.

САД моментално бележат повеќе од 44.000 случаи на зараза дневно.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе