Трамп одби да сведочи во постапката за негово отповикување

Адвокатите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера го одбија повикот на демократите во Претставничкиот дом на Конгресот тој следната недела да сведочи под заклетва во постапката за негово отповикување.

EPA-EFE

Демократите го обвинуваат Трамп дека го поттикнал бунтот кога ги повика своите поддржувачи да се „борат“ против неговиот пораз на претседателските избори. Тие на 6 јануари насилно упаднаа во Капитол додека таму траеше потврдувањето на изборната победа на Џо Бајден, а во насилствата животите ги изгубија пет лица, вклучувајќи полицаец.

„Претседателот нема да сведочи во тој неуставен процес“, кажа советникот на Трамп Џејсон Милер за Ројтерс.

Републиканските адвокати Брус Кастор и Дејвид Шен во отворено писмо повикот го нарекоа „трик за јавноста“.

Правниците неделава ја отфрлија тужбата поради која се бара отповикување на Трамп и истакна дека неговото тврдење дека на изборите на 3 ноември имало измами го Првиот амандман на американскиот устав. Во него стои дека Конгресот не смее да ја ускратува слободата на говорот или печатот, правото на граѓаните на мирно собирање или од владата да бараат исправање неправди.

Неколку сенатори во меѓувреме изјавија дека Трамповото сведочење е лоша идеја. Републиканецот Линдзи Греам, еден од најголемите сојузници на поранешниот претседател, кажа дека „тоа не би било во ничиј интерес“.

Трамповите адвокати и голем дел републикански сенатори се сомневаат во уставноста на процесот за отповикување на Трамп, веќе потврдено во долниот дом на Конгресот. Тие сметаат дека Сенатот нема овластување да ја води постапката бидејќи Трамп веќе замина од функцијата па не може да биде отстранет.

Таквиот аргумент им овозможува на републиканските сенатори да гласаат против отповикувањето на Трамп поради процедурално противење, а не поради директна поддршка на неговите тврдења.

За отповикување во горниот дом на Конгресот, во кој има 100 сенатори, потребно е двотретинско мнозинство, што значи дека на демократите треба да им се придружат 17 републиканци. Процесот треба да почне во вторник.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе