Трамп објави фотомонтажа на свој златен хотел во Гренланд (ФОТО+ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави фотомонтажа на свој хотел во Гренланд, откако потврди дека неговата влада е заинтересирана за купување на островот.

Премиерката на Данска Мете Фредериксен и премиерката на Гренланд Ким Килсен порачаа дека таа полуавтономна територија на Данска не е на продажба.

Трамп претходно изрази интерес за купување на островот.

„Ветувам дека нема да го направам ова во Гренланд“, напиша американскиот претседател со фотомонтажа од златен облакодер на кој пишува Трамп сред населба гренландски куќи.

„Никој не смее да одлучува за нас. Мора да бидеме почитувани и нашите интереси мора секогаш да бидат најважни“, рече Килсен неколку часа пред објавата на Трамп, објави гренландскиот дневник Сермитсиак.

Трамп во неделата потврди дека неговата влада е заинтересирана да го купи ретко населениот најголем остров во светот.

Американскиот претседател треба да ја посети Данска во септември.

Гренланд во голема мера е независен, но Данска управува со неговата надворешна, одбранбена и монетарна политика.

Гренланд има површина од 2.166.086 квадратни километри.

Во 1946 година, американскиот претседател Хари Труман се обидел да го купи Гренланд за 100 милиони долари.

Во 1917 година САД од Данска ги купиле Девствените острови.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе