Во твит ноќта

Трамп објави дека Кина ги хакирала мејловите на Хилари, но не даде доказ

„Сигурни се дека не била Русија (само се шегувам)?“, напиша претседателот.

Доналд Трамп рано утрово постираше твит во кој без докази тврди дека Кина ги хакирала мејловите на Хилари Клинтон.

„Мејловите на Хилари Клинтон, од кои голем дел се доверливи информации, се хакирани од Кина“, напиша Трамп изутринава.

„Следниот потег подобро нека биде од ФБИ & Министерството за правда или, по сите нивни други погрешни чекори (Коми, Меккејб, Страк, Пејџ, Охр, ФИСА, Валкано досие итн.), нивниот кредибилитет ќе биде засекогаш загубен!“

Во претходен твит во вторникот вечерта Трамп напиша: „Тукушто излезе извештај: 'Кина го хакнала приватниот мејл на Хилари Клинтон'. Дали се сигурни дека тоа не е Русија (само се шегувам!)? Кои се шансите ФБИ и Министерството за правда да работат на ова? Всушност, многу голема приказна. Многу доверливи информации!“

Не беше веднаш јасно дали Трамп го добил извештајот преку разузнавачки брифинг или преку медиум.

Меѓутоа, во вторникот, екстремно десничарскиот весник Дејли колер објави статија во која тврди дека кинеска компанија го пробила приватниот сервер на Клинтон во текот на нејзиниот мандат како државен секретар во администрацијата на Обама.

Претседателот бара ФБИ и Министерството за правда да го истражат ова прашање гневен поради истрагата на специјалниот советник Роберт Милер за улогата на Русија на изборите во 2016 година и за тоа дали членови на кампањата на Трамп се состанале со Москва.

Трамп во април 2017 година изјави дека Кина може да ги пробие електронските пораки на демократските власти за да влијае на претседателските избори во 2016 година. Ни тогаш не даде никакви докази за своето тврдење.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе