Трамп објави бизарно видео против Бајден (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп, на Твитер и на Фејсбук денес објави уште едно во низата видеа кои се комбинација од предизборни спотови и исмејувачки мемиња насочени кон неговиот противкандидат Џо Бајден и други политички противници, јави Њузвик.

Фото: ЕПА

Во анимираното видео, прво се гледа воз кој брза по патеката. На вагоните на возот пишува „КАГ 2020“, што е кратенка од слоганот на Трамп „Да ја зачуваме Америка голема“ (Keep America Great) и натпис „Трамп Пенс“.

Потоа се гледа како Џо Бајден по истата пруга поминува со дресина, односно количка со рачен погон што се движи по железнички шини, додека во исто време се слуша аудио снимка од бизарниот монолог на Бајден за неговото искуство од младоста, кога бил спасител на јавен базен.

Во тој монолог, кој станал еден вид меме во последните месеци, Бајден, меѓу другото, вели: „Сакам кога деца ми скокаат во скут“.

Исто така, на количката под натписот „Бајден претседател“ стои и натпис „Твојата коса мириса одлично“, што е алузија за бројни случаи кога Бајден на јавни настапи им влегува во личниот простор на жени и девојчиња, а кога им ја мирисал косата, ги галел, ги држел со раце за рамена и грб, давајќи им бакнежи, шепотејќи им во уво или на друг начин покажувајќи им нежност. Некои од нив подоцна изјавиле дека таквите допири се несоодветни и дека поради тоа се чувствувале непријатно, поради што и Бајден во април индиректно се извинил, ветувајќи дека во иднина ќе биде повнимателен околу нарушувањето на нечиј личен простор.

Видеото креирано од про-Трамп креаторот на мемиња „Нешто злобно“ собрало повеќе од 5 милиони прегледи и околу 200.000 споделувања.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе