Трамп номиниран за Нобелова награда за мир

Американскиот претседател Доналд Трамп е номиниран за Нобелова награда за мир, објави Фокс њуз.

Фото: ЕПА

Номинацијата е предложена од страна на норвешкиот десничарски политичар Кристијан Тибринг-Гједе, и тоа поради „историскиот мировен договор“ меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати.

Трамп во август учествуваше во постигнувањето мировен договор меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати.

„Мислам дека направи повеќе обидувајќи се да создаде мир меѓу народите од повеќето други кандидати за наградата за мир“, рече норвешкиот парламентарец Тибринг-Гједе, кој воедно е и на функцијата претседавач на норвешката делегација во Парламентарното собрание на НАТО.

Во писмото во кое се наоѓа номинацијата се вели дека постои надеж дека и другите блискоисточни земји ќе ги следат чекорите на ОАЕ и дека споменатиот договор може да ги „смени правилата на игра“ на Блискиот исток и да го доведе регионот до соработка и напредок.

Тој исто така ја истакна улогата на американскиот претседател во посредувањето меѓу конфликтните страни како Индија и Пакистан, Северна и Јужна Кореја. Тој го спомена и повлекувањето на американските трупи од Блискиот исток.

Нобеловата награда за мир за 2020 година му беше доделена на премиерот на Етиопија, Аби Ахмед Али, за неговите напори за постигнување мир со Еритреја. Тој воедно е и 100 добитник на оваа награда.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе