Негираше дека криел извештаи

Трамп: Ништо не му должам на Путин (ВИДЕО)

Претседателот на САД Доналд Трамп ги отфрли медиумските тврдења дека на некој начин му е должен на рускиот претседател Владимир Путин и дека криел извештаи за нивните разговори во четири очи.

На прашање на новинар на Фокс њуз дали некогаш работел за Русија, Трамп одговори дека тоа е најнавредливото прашање кое некогаш му е поставено.

„Ако ги прашате луѓето во Русија, ќе ви кажат дека јас сум најостар кон нивната земја, веројатно најостар од сите наши претседатели, а секако поостар од последните три или четири. Никој никогаш не бил толку остар“, кажа Трамп, а пренесува Асошиејтед прес.

Прашањето следеше откако Њујорк тајмс објави дека ФБИ, по одлуката на Трамп да го смени директорот на агенцијата Џејмс Коми, водело истрага за тоа дали Трамп работел за Русија или бил под влијание на Москва.

„Мислам дека тоа е најнавредливиот текст и ако сте го прочитале, сте сфатиле дека не понудиле ништо. Тие се катастрофа од весник“, кажа Трамп.

Тој ги негираше и тврдењата на Вашингтон пост дека се трудел да скрие детали од сите разговори со Путин во изминатите две години.

Вашингтон пост објави дека Трамп на својот преведувач му ги одзел белешките и дека му наложил да не зборува за содржината на разговорите со останатите членови на администрацијата.

Трамп и Путин во Хелсинки разговараа два часа зад затворени врати, само во присуство на преведувачите. Содржината на разговорот никогаш не беше објавена, но Трамп денес кажа дека нема што да крие и дека би можел да го објави транскриптот од средбата.

Најтешките обвинувања на смета на претседателот на САД ги изнесе демократскиот сенатор од Вирџинија Марк Ворнер, највисоко рангираниот демократ во Одборот за разузнавачки прашања, кој за Си-ен-ен изјави дека Трамп ја копирал политиката на Путин и наведе дека мнозинството санкции не ги вовела Белата куќа, туку Конгресот.

„Реална е претпоставката дека Трамп е руски агент“, кажа Ворнер.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе