Трамп: Никој нема да биде безбеден во Бајденовата Америка (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа при прифаќањето на номинацијата за претстојните избори, ги прикажа демократите и нивниот претседателски кандидат Џо Бајден како радикали и социјалисти кои сакаат да ја уништат Америка и чија власт би донела несигурност и економска пропаст.

Screenshot

„Во Бајденовата Америка, никој нема да биде безбеден“, рече Трамп во говорот на вториот ден од републиканската национална конвенција и „со благодарност и неограничен оптимизам“ ја прифати номинацијата на неговата партија за изборите на 3 ноември.

Пораката се совпадна со претходниот дискурс на претседателот и другите говорници на конвенцијата кои зборуваа за враќање на законот и редот на улиците на Соединетите Држави, каде од крајот на мај траат протести против расизмот и полициската бруталност.

Говорот на Трамп траел речиси 70 минути, што го прави далеку најдолг во историјата на неговата партија и вклучува храбри изјави како таа дека е најдобриот претседател за Афроамериканците од републиканецот Абрахам Линколн, под чиј мандат е укинато ропството.

Во своето обраќање ги пофали своите потези во четиригодишниот мандат, споменувајќи го намалувањето на даноците, спротивставувањето на Кина, излегување од „штетниот“ Париски климатски договор, изградбата на ѕидот на границата со Мексико, барањето за поголеми издвојувања за НАТО и изменување на договорот НАФТА и спротивставување на фармацевтските корпорации „да ги намалат цените на лековите“.

Тој го одржа говорот на јужниот тревник на Белата куќа, што претходно наиде на критики бидејќи државниот имот се користи за приватна кампања.

Наспроти пандемијата на коронавирусот, сегашниот претседател во живо го слушаа неколку стотици луѓе, седејќи близу едни до други без маски и ракувајќи се.

Трамп во својот говор го пофали и своето управување со коронавирусот, инсистирајќи на тоа дека дејствувал брзо и спасил животи.

„Ќе ги победиме вирусот и пандемијата и ќе излеземе посилни од кога било“, рече Трамп, најавувајќи дека вакцината ќе биде готова до крајот на годината.

Во Соединетите Држави од ковид-19 починале околу 180.000 луѓе, што ја прави најпогодената земја во светот во однос на вкупниот број и бројот на смртни случаи на 100.000 жители.

Иако републиканците најавија конвенција со позитивни пораки, Трамп жестоко го нападна својот противкандидат.

 „Џо Бајден не е спасител на американската душа, тој е уништувач на американската работа и на американската величина ако му се даде шанса“, рече тој.

„Агендата на Бајден е ‘произведено во Кина’. Моја агенда е ‘произведено во САД’“, рече Трамп и вети дека ќе ги запре синџирите за набавка од Кина: „Ги враќаме дома“.

Републиканецот потенцијалното претседателство на Бајден го прикажа како време во кое на домаќинствата им е одземено оружјето, либералната политика е наметната со сила, укинат е слободниот говор и социјализмот станува доминантна економска идеологија.

Тој ги нарече демократите „радикално движење кое сака целосно да ја уништи Америка“.

„Како демократите сакаат да ја водат државата кога толку многу време трошат уништувајќи ја?“ праша републиканскиот лидер, додавајќи дека неговите политички противници не ги гледаат Соединетите Држави како „најслободна“ и „најправедна“ држава во светот, туку како „корумпирана нација која мора да одговара за своите гревови“.

Неговиот противкандидат, 77-годишниот Џо Бајден, во американската политика е речиси пет децении, а на демократските предизбори им се спротивстави на кандидатите од левото крило на партијата кои се залагаат за демократски социјализам.

Легенда под Главна слика

Screenshot

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе