Советникот за национална безбедност

Трамп ненадејно го отпушти Џон Болтон

Американскиот претседател Доналд Трамп ненадејно го отпушти советникот за национална безбедност Џон Болтон, во твит соопштувајќи дека во понеделникот вечерта му кажал дека „неговите услуги повеќе не се потребни“.

„Синоќа го известив Џон Болтон дека неговите услуги повеќе не се потребни во Белата куќа“, напиша денеска Трамп на Твитер. „Воопшто не се согласував со неговите предлози, исто како и другите во администрацијата, и затоа... побарав од Џон да даде оставка, која ми беше дадена утрово. Многу му благодарам на Џон за неговите услуги. Следната недела ќе именувам нов советник за национална безбедност.“

Ненадејното отпуштање дојде како шок, иако сè поголемото изолирање на Болтон од Трамп и немањето влијание врз надворешнополитичките прашања не беа тајна во Белата куќа.

Помалку од еден час пред твитовите на Трамп, Белата куќа ги извести новинарите дека Болтон ќе се појави на брифинг заедно со двајца други официјални претставници на владата.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе