Помирување на САД и Кина?

Трамп: Нема нови царини, компаниите смеат да работат со Хуавеј

Американскиот престедател Доналд Трамп во Осака потврди дека нема да има воведување нови санкции против Кина „барем засега“, имајќи предвид дека двете страни продолжуваат со преговорите, и потврди дека американските компании ќе продолжат да го снабдуваат кинескиот телекомуникациски џин Хуавеј.

Според Трамп, преговорите ќе продолжат „таму каде што застанаа“, откако дојде до нивен прекин претходно годинава.

Тој потврди и дека Кина ќе ја зголеми потрошувчката на американски земјоделски производи.

Трамп истакна дека на американските компании ќе им биде дозволено да го снабдуваат со компоненти кинескиот телекомуникациски џин Хуавеј.

„Му испраќаме и му продаваме на Хуавеј голем број производи што се склопуваат во разни производи кои тие ги изработуваат и кажав дека тоа е во ред, дека ќе продолжиме да ги продаваме тие производи“, кажа американскиот претседател.

„Ќе ги укинеме царините, а тие ќе купуваат земјоделски производи“, кажа Трамп, потврдувајќи дека со кинескиот претседател Си Џинпинг договорил САД да се откажат од воведување нови царини на кинескиот увоз, а Кина да купува повеќе американски земјоделски производи.

Заедничките интереси на Кина и САД се поголеми од нашите разлики, изјави денес еден кинески дипломат, по разговорот на претседателите на двете земји на маргините на самитот Г20 во Осака.

„Кина и САД се надеваат дека светот може да оствари стабилен раст“, им кажа на новинарите Ванг Сиаолонг, специјалниот претставник на кинеското министерство за надворешни работи на Г20 и главен директор на одделот за меѓународни економски односи.

Примирјето што денес го постигнаа двете најголеми светски економии им донесе олеснување на светските лидери собрани во Осака, бидејќи последната година на трговска војна им предизвика огромни трошоци на компаниите, кои се мерат во милијарди долари, го намали глобалното производство и снабдување и ги загрижи финансиските пазари.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе