Поради турската офанзива

Трамп: Нема гајле, борците на ИСИС ќе избегаат во Европа, не во САД (ВИДЕО)

Трамп посочи дека не го загрижува тоа што борците на ИСИС може да избегаат од Сирија поради турската офанзива, затоа што ако го сторат тоа, тие едноставно ќе завршат во Европа.

На прашањето од новинарите дали е загрижен дека борците на Исламска држава може да избегаат поради воената операција на Турција, Трамп предвиде дека милитантите нема да патуваат во САД.

Претседателот очигледно го кажа ова за да го смири американскиот народ (и сигурно да уплаши многу американски сојузници), вели Гардијан.

„Е па, тие ќе бегаат во Европа. Таму сакаат да одат; тие сакаат да се вратат во своите домови, но Европа не ги сакаше од нас. Можевме да им ги дадеме, можеа да ги судат, можеа да им прават што сакаат, но како и обично, тоа не е реципрочно, знаете, мојот омилен збор“.

Претседателот рече дека односите меѓу САД и нивните европски сојузници не биле „реципрочни“ кога станувало збор за борбата против Исламска држава и дека тој чувствува дека Соединетите Држави понеле непропорционална одговорност во заробувањето на милитантите.

Како реакција на коментарите на Трамп, репортер на Си-ен-ен се запраша дали лекомислената забелешка дека милитантите на Исламска држава ќе се вратат во Европа, каде што групата претходно изврши терористички напади, ќе предизвика какво било осудување од републиканците.

Трамп ги отфрли критиките од сенаторот Линдзи Греам, еден од неговите најблиски сојузници во Конгресот, за одлуката да ги повлече американските трупи од регионот.

Трамп рече: „Мислам дека Линдзи би сакал да остане таму наредните 200 години“.

Говорејќи пред новинарите по потпишувањето на две извршни наредби, Трамп ја бранеше својата одлука да ги повлече американските трупи од северна Сирија дури и откако Турција почна воена операција во регионот.

На прашањето како би реагирал доколку турските сили ги збришат курдските сојузници на Америка во регионот, Трамп предупреди дека ќе ја „збрише“ турската економија доколку го сторат тоа.

Претседателот рече и дека од „еден многу моќен напис“ дознал дека Курдите не помогнале во Нормандија, во обид да ја омаловажи нивната улога и значење.

„Ние потрошивме огромна сума пари за да им помогнеме на Курдите“, рече претседателот. „Тие се борат за својата земја. Се борат со САД, да. Но тие се борат за својата земја. И покрај сето ова, нам ни се допаѓаат Курдите“.

Курдските сили скоро пет години се бореа заедно со САД против Исламска држава, губејќи приближно 11.000 борци.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе