Трамп: „Некои повеќе би сакале да војуваме отколку да се сложам со Путин“

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека добро се сложувале со рускиот претседател Владимир Путин на состанокот во Финска и дека „ќе има големи резултати“.

„На многу интелигентни луѓе им се допадна мојот настап на прес-конференцијата во Хелсинки. Путин и јас разговаравме за многу важни теми. Добро се сложувавме што навистина им пречи на многу 'хејтери' кои сакаа да видат боксерски меч. Ќе има големи резултати!“ напиша на Твитер.

„Додека состанокот на НАТО во Брисел е признаен триумф, со уште повеќе милијарди долари што земјите-членки ќе ги издвојуваат со побрзо темпо, состанокот со Русија би можел долгорочно да се покаже со уште поголем успех. Многу позитивни работи ќе има од тој состанок.“

„Некои луѓе го МРАЗАТ фактот дека добро се сложував со претседателот Путин. Повеќе би сакале да војуваме отколку да го видат ова. Тоа се вика синдром на деранжирање на Трамп“, напиша тој на Твитер.

Трамп од вторникот се обидува да ја смири бурата, како што велат критичарите, за неговиот неуспех да го смета Путин одговорен за мешањето во американските избори од 2016 година, велејќи дека погрешно се изразил на заедничката прес-конференција.

Трамп во понеделникот во Хелсинки, каде што се сретна со Путин, изјави дека не гледа причина да верува дека Русија се мешала во американските избори од 2016 година и дека Путин тоа „крајно енергично и силно го негирал“.

Трамп на новинарите им појасни дека изговарајќи ја клучната реченица на прес-конференцијата заборавил да каже „не“, што ѝ дало спротивно значење од она што сакал да го каже.

„Го кажав зборот „би“ наместо „не би“, им кажа Трамп на новинарите во Белата куќа, повеќе од 24 часа по состанокот со Путин. „Реченицата требаше да гласи: ‘Не гледам причина зошто не би била Русија’“, пренесе Ројтерс.

Американскиот претседател денес рече дека Русија ќе помогне со Северна Кореја.

„Русија се согласи да помогне со Северна Кореја, каде односите со нас се многу добри и процесот е во тек“, напиша тој на Твитер. „Нема брзање, санкциите остануваат! Големи придобивки и возбудлива иднина за Северна Кореја на крајот од процесот!“

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе