Неколку часа по апсењето на Асанж

Трамп: Не знам ништо за Викиликс. Не ме интересирало (ВИДЕО)

Доналд Трамп, кој често го фалеше Викиликс за време на претседателската кампања во 2016 година, и чиј син си пишуваше пораки со таа организација на Твитер, и чиј соработник Роберт Стоун комуницираше со Асанж за материјалите што Викиликс планира да ги објави, денеска на американските новинари им рече дека Викиликс „не го интересирал“.

„Не знам ништо за Викиликс“, рече Трамп во Овалната канцеларија, според информациите од новинарите што биле во Белата куќа.

„Не ме интересирало“.

Со оглед на тоа што Соединетите Држави побараа екстрадиција на Асанж за да биде кривично гонет, основачот на Викиликс во моментов не е многу ценет во Вашингтон. Но тоа не беше секогаш така. Еве едно видео на кое Трамп вергла и вергла (и вергла) за Викиликс, вели Гардијан:

Викиликс бил толку популарен во таборот на Трамп за време на кампањата што тие имале закачено постер од Асанж.

Основачот на Викиликс денеска беше уапсен во амбасадата во Лондон, каде што беше засолнет седум години, стравувајќи од екстрадиција во САД, кои го бараат поради објавувањето илјадници доверливи дипломатски и воени преписки преку Викиликс.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе