Трамп не слушнал за ураган од 5 категорија. Ова е четврти таков откако е претседател (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа вчера дека не е сигурен дека некогаш слушнал за ураган од петта категорија, и покрај тоа што четири такви бури, вклучувајќи го ураганот Доријан, им се закануваа на САД откако е во Белата куќа.

„Воопшто не знаеме што оди кон нас. Сѐ што знаеме е дека е најверојатно најголемо. Јас... Не сум сигурен дека воопшти неогаш сум слушнал за категорија 5. Знаев дека постои. И видов некои категории 4. Не ги гледаш ни нив многу“, кажа Трамп на средбата со службениците во седиштето на ФЕМА во Вашингтон.

„Но категорија 5 е нешто што... Не знам дали некогаш воопшто сум слушнал за тој термин освен дека знам дека постои. Тоа е најважно, и тоа е тоа што го имаме, за жал“, додаде Трамп зборувајќи за ураганот Доријан.

Тој ова го кажа непосредно пред Доријан, опасен ураган од петта категорија, да ги погоди Бахамите. Доријан е најновиот во низата опасни бури кои им се закануваат на САД откако Трамп стана претседател. Ураганот кој е најсилен на планетата годинава би требало да ги удри САД денес.

Во септември 2017, речиси осум месеци откако Трамп стана претседател, ураганот Ирма, еден од најсилните урагани забележани надвор од Мексиканскиот Залив и Карипското Море, погоди девет американски држави. Истиот месец ураганот Марија ја опустоши американската територија Порторико.

Минатиот октомври ураганот Мајкл, кој прво беше во категорија 4, ја погоди Флорида како ураган од петта категорија. Тоа е третиот ураган од таа категорија кој ги погоди САД откако Трамп е претседател.

Да биде уште побизарно, на Трамп ова не му е првпат да каже дека никогаш досега не слушнал за категорија 5. Тоа го кажа и во октомври 2017, но и на почетокот на оваа година.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе