Му ја пренеле содржината

Трамп: Не сакам да ја слушам снимката од убиството на Кашоги, тоа е снимка на страдање

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека му е достапна аудио снимката од убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул, но не сака ја слуша „насилната“ содржина на снимката, и покрај се поголемиот притисок да ја казни Саудиска Арабија поради убиството, пренесе Ројтерс.

„Имаме снимка, но не сакам да ја слушам... бидејќи тоа е снимка на страдање“, изјави Трамп за телевизијата Фокс њус.

Американскиот претседател рече дека му е пренесено сѐ што содржи снимката.

„Точно знам што се случило... Тоа е многу насилно, многу злобно и ужасно“, додаде Трамп.

Кашоги (59) е убиен на 2 октомври во саудискиот конзулат во Истанбул, каде што отишол по документи за венчавка со турска државјанка.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе