И покрај судската одлука

Трамп не сака да ги предаде финансиските извештаи

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од апелацискиот суд да ја поништи одлуката со која од неговата сметководствена фирма се бара да ги предаде сите финансиски извештаи пред тој да стане претседател на одборот за надзор на Претставничкиот дом, долниот дом на американскиот Конгрес.

Адвокатите на Трамп во документот до судот навеле дека одлуката од 20 мај со која судијата Амит Мехта ѝ наложил на компанијата Мазарс ЛПП да ги предаде сите финсиски информации била погрешна и дека треба да се смени.

Одлуката на судијата Мехта беше првпат сојузен суд да влезе во конфликт околу тоа колку далеку Конгресот може да оди при истражувањето на Трамп и неговото работење.

Одборот за надзор на Претставничкиот дом смета дека е потребно да се истражи Трмповото финансиско работење за да се утврди дали има конфликт на интереси и дали го прекршил законот со тоа што не се одвоил од своите бизниси, како што тоа го правеле сите претходни американски претседатели.

Трамп одбива да соработува со низа истраги за прашања кои се движат од даночни пријави до хотели во Вашингтон, а во тужбата поднесена на 22 април се наведува дека судското барање на одборот ги надминало границите на уставните овластувања на Конгресот да го истражува.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе