И покрај сè полошата состојба

Трамп: Не можам да наредам да се носат маски, луѓето треба да имаат одредена слобода

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека нема да им нареди на Американците да носат маски за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Фото: ЕПА

Главниот експерт за заразни болести во САД Ентони Фаучи претходно ги повика државите и локалните лидери „најжестоко што е можно“ да го повикаат народот да носи маски.

„Носењето маски на лице е многу важно и сите треба да ги носиме“, рече Фаучи.

Носењето маски на лице стана мошне политизирана тема во САД, вели Би-би-си. Повеќето од американските гувернери наредија носењето маски на отворено да биде задолжително, а не личен избор. Претседателот Трамп, кој претходно се противеше на носењето заштитни маски, првпат минатата сабота се појави во јавноста со маска.

Но зборувајќи за Фокс њуз во петокот, Трамп рече дека тој нема да нареди да се носат маски затоа што луѓето мора да имаат „одредена слобода“.

Претходно оваа недела, американското тело за јавно здравство – Центарот за контрола и превенција на болести ЦДЦ, објави соопштение во кое ги повика сите да носат маски.

„Не сме беспомошни во борбата против коронавирусот. Маските за лице се едно од најмоќните оружја, кое мораме да го употребиме за да го забавиме ширењето на вирусот - особено кога ги носат сите во заедницата“, изјави директорот на ЦДЦ Роберт Р. Редфилд.

САД и натаму се во епицентарот на глобалната пандемија со моментално 3,6 милиони заразени луѓе од коронавирусот, а битката со ковид-19 ја загубија 139.000 луѓе, што е најголемата смртност во светот.

Во САД за еден ден заразени 77.638 луѓе од коронавирусот

Во САД на 17 јули беа регистрирани 77.638 лица заразени од коронавирусот, а од почетокот на епидемијата во земјата инфицирани се скоро 3,64 милиони луѓе, соопшти Универзитетот Џонс Хопкинс.

Во изминатите 24 часа во САД 927 луѓе починале од коронавирусот, а вкупниот број на починати е 139.128.

Западниот дел на САД е најпогоден од епидемијата. Во сојузната држава Калифорнија соопштено е дека во четвртокот во Лос Анџелес и околината заразени биле 4.500 луѓе.

Локалните власти во државите Тексас и Аризона нарачале камиони-ладилници, бидејќи во мртовечниците веќе нема место за починатите од коронавирусот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе