„То би било неамерикански“

Трамп не го стави Њујорк во карантин

Американскиот претседател Доналд Трамп сепак се откажа од идејата поради пандемијата на коронавирусот во целата сојузна држава Њујорк да воведе карантин, откако таа наиде на големи критики од јавноста.

„Карантин нема да биде потребен“, порача Трамп преку Твитер.

Бројот на умрените од коронавирусот во САД расте со голема брзина. Сега се потврдени над 2.100 смртни случаи, што е двојно повеќе од бројот на умрените пред само два дена.

Претходно вчера рамп најави можност за воведување карантин за Њујорк, Њу Џерси и Конектикат, но критичарите веднаш таа идеја ја прогласија за невозможно бидејќи би предизвикала хаос во регионот кој е економски мотор на САД и во кој живее 10 отсто од популацијата на цела земја, кои со 12 отсто учествуваат во вкупниот бруто домашен производ.

„Кога би почнале да создавате ѕидови меѓу регионите во целата земја тоа би било контрапродуктивно, целосно неамерикански“, кажа гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо.

Трамп потоа ја ублажи реториката и најави дека од Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ќе побара да се издаде „силна насока за патувања“ која треба да ја спроведуваат гувернерите на трите спомнати држави.

Некои сојузни држави веќе почнаа со заштитни мерки кога станува збор за патниците кои доаѓаат од Њујорк, најголемото жариште на заразата во САД. Така Флорида и Роуд Ајленд издадоа наредби патниците кои доаѓаат од Њујорк да останат во самоизолација, додека Западна Вирџинија и Пенсилванија бараат од дојдените од Њујорк да се согласат на доброволен карантин.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе