„Имаме три опции“

Трамп навести посредување во турско-курдскиот конфликт

Претседателот на САД Доналд Трамп навести можност за американско посредување во судирот на Турција со Курдите, по почетокот на турската воена операција на североистокот на Сирија.

Имаме избор меѓу три нешта: да испратиме илјадници војници за воена победа, силно финансиски и со санкции да удриме по Турција, или да посредуваме за да се постигне договор меѓу Турција и Курдите“, наведе Трамп на Твитер.

Трамп повтори дека САД „100 отсто го поразија калифатот на Исламска држава" како и дека во регионот на турските операции нема американски војници.
Тој додаде и дека „Турција и Курдите војуваат веќе 200 години".

 

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе