Трамп: Нашите лекари добиваат повеќе пари ако некој умре од ковид (ВИДЕО)

Претседателот на САД, Доналд Трамп и демократскиот кандидат Џо Бајден во петокот побараа поддршка од државите на Средниот запад, каде се врати пандемијата на коронавирусот, додека Трамп лажно ги обвини лекарите дека профитирале од смртните случаи на ковид-19, Бајден истакна дека Трамп ѝ се предал на пандемијата.

EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Трамп ги критикуваше демократските гувернери кои воведоа мерки за спречување на ширењето на вирусот и рече дека Бајден ќе им забрани на Американците да се собираат за празници или за која било друга посебна пригода доколку биде избран. Многумина кои дошле на неговите собири не носеле маски.

„Мора да ја отворите својата држава и мора да го сторите тоа брзо“, рече Трамп на митингот во Грин Беј, Висконсин, само четири дена пред изборите.

Тој подоцна на митинг во Рочестер поздрави стотици приврзаници кои не биле во можност да влезат на собирот кој бил ограничен на 250 учесници.

Трамп подоцна го истури својот гнев врз американскиот здравствен систем, обвинувајќи ги лекарите дека некако го напумпале бројот на смртни случаи.

„Нашите лекари добиваат повеќе пари ако некој умре од ковид“, рече тој во градот Ватерфорд во Мичиген.

Бајден го обвини Трамп дека се „откажал“ во борбата против вирусот и додаде дека не смее да го напаѓа медицинскиот персонал кој ги лекува заразените.

„За разлика од Доналд Трамп, ние нема да му се предадеме на овој вирус“, рече тој на собирот во Сент Пол во Минесота. Поддржувачите, дистанцирано седејќи во своите автомобили, трубеле во знак на поддршка. Пандемијата на коронавирусот, која во САД уби близу 230.000 луѓе и поради која милиони останаа без работа, беше доминантна тема во последните денови од кампањата.

Трамп, кој неодамна се опорави од ковид-19, со месеци го минимизираше здравствената криза, велејќи им на поддржувачите во последните неколку недели дека земјата „продолжува понатаму“ и во случај на зголемување на бројот на заразени. Бајден предупреди на претстојната „мрачна зима“ и вети дополнителни напори во спречувањето на ширењето на вирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе