„Секогаш таквите да се пријават“

Трамп: Напаѓачот од Флорида е ментално растроен

Претседателот на САД Доналд Трамп го окарактеризира напаѓачот од Флорида како „ментално растроено“ лице кое секогаш треба да се пријави на властите, пренесе АФП.

 „Имаше толку многу знаци дека напаѓачот од Флорида е ментално растроен, дури бил исфрлен од училиште поради лошото и абнормално однесување. Соседите и соучениците знаеле дека е многу проблематичен. Ваквите испади секогаш треба да се пријават до надлежните, повторно и повторно“ рече Трамп на Твитер.

Претседателот на САД претходно упати сочувство до семејствата на жртвите во училиштето во Флорида, во кое загинаа најмалку 17 лица, а се повредени десетици.

„Ниту едно дете, ниту еден учител или било кој друг не треба никогаш да се чувствува небезбедно во некое американско училиште“, напиша Трамп на Твитер.

Како што пренесе АП, напаѓачот легално го купил оружјето со кое го извршил нападот.

Ова е веројатно 18-то пукање во американско училиште оваа година, а 291-во од 2013 година, пренесе Би-би-си.

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе