Трамп нападна поранешен сојузник, сенатор кој го обвини за поттикнување на нападот на Капитол

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп упати остри критики кон лидерот на сенаторското републиканско малцинство Мич Меконел, продлабочувајќи го конфликтот во врвот на партијата по загубата на Белата куќа и контролата врз Сенатот.

EPA-EFE/Oliver Contreras

„Мич е суров, лут и незгоден политичар и ако републиканските сенатори останат со него, нема повторно да победат“, рече во изјавата Трамп кој во саботата во Сенатот е ослободен по второто судење за отповикување.

Трамп и Меконел се разидоа во неделите по претседателските избори на 3 ноември, а Трамп му замери на Меконел што му ја призна изборната победа на демократот Џо Бајден. Јазот меѓу нив се продлабочи откако Меконел во саботата во Сенатот изјави дека Трамп е „практично и морално одговорен“ за упадот на Капитол на 6 јануари.

Меконел и покрај тоа гласаше за ослободување на Трамп, велејќи дека верува дека Уставот го ограничува отповикувањето и осудата на сегашни, а не на поранешни функционери.

Откако Претставничкиот дом на 13 јануари изгласа отповикување на Трамп, Сенатот го ослободи во саботата за поттикнување бунт и смртоносен напад од неговите приврзаници во седиштето на Конгресот на САД. За прогласување на Трамп за виновен гласаа 57 сенатори, а за негово ослободување 43, но за осуда беше потребно двотретинско мнозинство или 67 сенатори.

Ројтерс известува дека двајцата се обидуваат да ја турнат партијата во спротивни насоки, Меконел назад кон корените, додека Трамп, кој сè уште е поддржан од голем дел од републиканските гласачи, заговара популистички пристап.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/Oliver Contreras

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе