Трамп се појави пред камерите за да покаже дека барем едно нешто во Вашингтон тече во согласност со традицијата: помилувањето на мисирка пред Денот на благодарноста.
Во градината на Белата куќа Трамп се држеше до вообичаеното сценарио и ја помилува мисирката Корн што е дел од годишниот претседателски ритуал, пред мисирките во четврток да се најдат на масите низ Америка.
„Корн, на овој начин ти дарувам целосно помилување“, кажа тој.
Од изборот на 3 ноември Трамп ретко се појавува во јавноста а не одржа ни говор во кој би го признал поразот ниту му се обрати на новоизбраниот претседател Џо Бајден.