Трамп најави прес конференција: „Јасен пат до победата“

Актуелниот претседател на САД Доналд Трамп најави за денес, како што кажа, важна конференција за медиумите која ќе се одржи во 18 часот по наше време.

EPA-EFE

„Денес важна конференција за медиумите за многу јасниот и одржлив пат до победата. Нештата многу убаво доаѓаат на свое место“, напиша тој на Твитер.

Неколку минути претходно на Твитер објави дека бил украден на претседателските избори во Детроит, Мичиген.

„Гласачката измама во Детроит е жестока и тоа веќе долга низа години“, напиша денес Трамп.

Трамп во изборната ноќ водеше во државата Мичиген, која носи 16 електорски гласа, за на крајот да изгуби.

„Синоќа водев, многу солидно, во бројни клучни држави, во речиси сите места кои ги држеа и контролираа демократите. Тогаш, една по една, почнаа магично да исчезнуваат додека се броеја ненадејните дописни гласови. Многу чудно, а анкетарите сфатија се целосно и историски погрешно“, напиша Трамп тогаш на омилената социјална мрежа.

Кампањата на Трамп почна низа судски процеси во обид да го смени исходот на изборите, а Трамп без докази тврди дека изборите се „украдени“.

Вчера од судот побараа да го прогласи за победник на претседателските избори во Пенсилванија, а претставничкиот дом на таа држава, кој го контролираат републиканците, да избере електори кои ќе гласаат за претседателот на САД.

На ниво на Соединетите Американски Држави Џо Бајден доби 306 електорски гласа, а Трамп 232. За победа се потребни 270, па Трамп би морал да го промени исходот во Пенсилванија, која носи 20 електорски гласа, и во уште две држави.

Бајден во Пенсилванија доби околу 82.000 гласа повеќе од Трамп.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе