Трамп најави повлекување на САД од договорот за вооружување на ОН (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Соединетите Држави ќе се повлечат од меѓународниот договор за вооружување кој во 2013 година го потпиша тогашниот претседател Барак Обама, и покрај противењето на Националното здружение за огнено оружје (НРА) и други конзервативни групи.

Трамп на ченовите на таа лоби група им порача дека планира да го повлече статусот на САД како потписник на Договорот за трговија со оружје кој американскиот Сенат никогаш не го ратификуваше.

„Го повлекуваме својот потпис“, кажа Трамп пред илјадниците членови од кои некои носеа капи со неговиот слоган „Да ја направиме Америка повторно голема“.

НРА долго се противеше на договорот кој го регулира 70 милијарди вредниот бизнис со конвенционално вооружување и се обидува да го задржи оружјево вон рацете на кршителите на човековите права. НРА, еден од најголемите донатори на кампањата на Трамп во 2016, тврди дека со тој договор се поткопува правото на Американците на вооружување, став кој Обама го отфрлаше.

Трамп најави дека Обединетите нации наскоро ќе добијат и официјално известување за американското повлекување.

Генералното собрание на ОН во април 2013 со големо мнозинство го одобри договорот, а САД, најголемиот извозник на оружје во светот, исто така гласаа „за“ и покрај големото противење на НРА.

Трамповата одлука веднаш поттикна критики на меѓународните групи за човекови права.

„Соединетите Држави сега стојат со Иран, Северна Кореја и Сирија како непотписнички на овој историски договор чија цел е да ги заштити невините луѓе од смртоносното оружје“, изјави претседателката на Оксфам за САД Еби Максман.

Адотеи Аквеи, претседателот на американскиот Амнести интернешнал, соопшти дека „со оваа најава американската влада ќе создаде наплив од продажба на оружје со ослабени критериуми за човековите права“.

Досега на договорот официјално му се придружија 101 држава. Уште 29 го потпишаа, вклучувајќи ги САД, но не се формално приклучени.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе