Трамп најави победа во Мичиген (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп на митингот во Мичиген во четвртокот рече дека ќе победи во таа сојузна држава додека илјадници приврзаници му аплаудираа, а само неколкумина се придржуваа до мерките против коронавирусот.

Фото: Твитер

„Не изгледа вака собир на човек кој ќе биде на второ место“, им рече Трамп на мажите, жените и децата, од кои многумина носеа црвени маици и капи со зборовите „Да ја направиме Америка повторно голема“. Тој им се обрати пред претседателскиот авион Еир форс уан во аеродромот во близина на Мидленд, Мичиген.

„Глас за републиканците е глас за безбедни заедници, одлични работни места и неограничена иднина за СИТЕ Американци. Наместо да дозволиме Вашингтон да не промени, и покрај сето она што го поминавме, ние го менуваме Вашингтон!“, напиша Трамп на Твитер.

„Преземав најснажна акција досега за да се спротивставам на кинеската неконтролирана кражба на работните места во Мичиген. Заспаниот Џо Бајден вети дека ќе ги отстрани тие тарифи и ќе ѝ дозволи на Кина да продолжи со грабежи. Агендата на Џо Бајден е ‘Направено во Кина’, мојата агенда е ‘Направено во САД’!

„Ако Џо Бајден биде избран, крајно левите лудаци нема да водат само неуспешни демократски градови - тие ќе ги водат Министерството за правда, Министерството за домашна безбедност и Врховниот суд на САД. Ниту една населба, град или предградие нема да бидат безбедни. На 3-ти ноември, вашиот глас ќе ја спаси АМЕРИКА“!

Водачите на кампањата на Трамп изјавија дека до изборите на 3 ноември ќе поминат „многу" време во Мичиген, индустриската држава која заедно со Висконсин и Пенсилванија му помогнаа на Трамп да победи на изборите во 2016 година.

Демократскиот кандидат Џо Бајден води пред републиканецот Трамп со 12 процентни бода, според анкетата на Ројтерс и Ипсос. Но, водството на Бајден е нешто послабо во Мичиген со околу 4,2 процентни бода, според податоците на Риал клиар политикс.

Бајден во средата го посети Мичиген и го прозва Трамп поради неговите разговори со новинарот на Вашингтон пост, Боб Вудвард во кои кажува дека намерно ја минимизирал заканата од коронавирусот за да избегне паника во јавноста.

Трамп на митингот ја критикуваше гувернерката на Мичиген, Гретчен Витмер поради воведените рестрикции поради коронавирусот. Тој рече дека таа нема „појма“ за рестартирањето на државната економија и доби овации од публиката.

Витмер претходно во четвртокот изјави дека е загрижена поради планираниот митинг и дека внимателно ќе ја следи стапката на зараза во регионот.

Грег Фернандез, 63, кој продава недвижнини, рече дека не носел маска на митингот затоа што веќе бил заразен со коронавирусот и сега е „добар“.

Тој очекува Трамп да победи во Мичиген. „Не на глобалистите, не на нов светски поредок. Потребен ни е бизнисмен кој ќе управува со нашата земја, а тој заврши добра работа“, рече Фернандез.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе