Трамп најави отворање на тајните досиеа за атентатот врз Кенеди, што ќе откријат? (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд трамп изјави дека ќе одобри објавување на преостанатите класифицирани документи за атентатот на претседателот Џон Фицџералд Кенеди во 1963 година.

„Како претседател ќе одобрат отворање на блокираните и класифицирани досиеја за ЏФК“, напиша Трамп на Твитер.

Американскиот национален архив низ годините објави голем дел од документите за атентатот, но последните делови од досиејата се сѐ уште тајни и само трамп е овластен да одлучи дали ќе останат затворени за јавноста или објавени во редактирана форма.

Убиството на Кенеди во Далас на 22 ноември 1963 е еден од најважните датуми во американската историја и до денес е популарна тема за теоретичарите на заговори, иако официјалната истрага заклучи дека за атентатот е одговорен осамениот напаѓач, Ли Харви Освалд.

И покрај некои вкоренети сомнежи во наодите на истрагата и теориите кои тврдат дека во атентатот биле вклучени организираниот криминал, Куба или агенти на американската тајна служба, теоретичарите на заговори сѐ уште не понудиле никаков доказ дека Освалд имал помагачи.

Вашингтон пост пишува дека експертите не сметаат дека документите ќе изнесат некои нови бомбастични информации, но би можеле да ги расветлат активностите на атентаторот кога бил во Мексико Сити во септември 1963, како и дејствувањата на кубанските и советските шпиони.

Џон Ф. Кенеди беше убиен во 46-тата година и до денес остана еден од омилените американски претседатели.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе