вторник, 16 април 2024

Вулин: Македонци, знаете ли вие што е благодарност и срам?

Кога ги нарекуваа поранешна југословенска Република Македонија и Скопје, ние ги нарекувавме Македонија. Со нив делевме лекови за време на ковид-пандемијата, им ги дадовме нашите резерви од жито, брашно и шеќер, а СПЦ на Македонската црква ѝ овозможи независност и име. Македонија им се „заблагодари“ на Србите за сето тоа со признавањето на Косово и сега со ентузијазам учестува во резолуцијата која треба да ги прогласи Србите за геноциден народ, реагираше Александар Вулин, поранешен шеф на српската Безбедносно-информативна агенција и ексминистер за одбрана и за внатрешни работи на Србија.

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ остро ја критикуваа одлуката на македонската влада да биде еден од коспонзорите на Резолуција во ОН за прогласување на 11 јули како Меѓународен ден на комеморација и сеќавање на геноцидот во Сребреница.

„Северномакедонците знаат дека нивниот глас не значи ништо, дури ни кога станува збор за нивното име или јазик, а уште помалку за Србите, па затоа можеле барем да се воздржат доколку не можат да ја поддржат Србија. Македонија навистина треба да го смени јазикот, заедно со името и историјата, како што бараат Бугарите. Навистина е глупаво да користат речник во кој немаат зборови за чест, благодарност, пријателство, слобода, срам“, рече Вулин, реагирајќи на изјавата на министерот Османи.

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ го оцени како „дрскост“ ставот на Османи и го праша дали сака да поднесе Резолуција за геноцидот на Србите во Јасеновац, заедно со Србија.

„Тоа е цинизмот што постои на нашите простори, дека е важно да се води антисрпска политика и уште на сето тоа не повикуваат да учествуваме во тоа. Дали треба да бидеме на страната на нацистите, за да бидеме почитувани“, праша Дачиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ