Популарната кинеска апликација

Трамп најави дека ќе го забрани Тикток

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во САД ќе биде забранета апликацијата за размена на видеа Тикток за која Вашингтон се сомнева дека ја користи кинеска разузнавачка служба.

EPA-EFE

„Што се однесува до Тикток, ние тоа го забрануваме во САД“, им кажа Трамп синоќа на новинарите.

Апликацијата беше под истрага на американската агенција задолжена странските инвестиции да не претставуваат опасност за националната безбедност. Американски функционери во последните недели изразија стравување дека Пекинг може да ја корист за да им нанесе штета на САД.

Тикток негира дека споделува податоци со кинеските власти.

„Ние немаме врска со политиката и не прифаќаме политички реклами и немаме агенда. Нашата цел е да бидеме динамична платформа која сите ја ценат“, изјави претседателот на Тикток Кевин Мејер.

Џејмс Луис, шефот на програмата за технолошки политики на Центарот за стратегиски меѓународни студии оцени дека опасноста за безбедноста од Тикток е речиси „рамна на нула“. Меѓутоа, додека дека изгледа дека фирмата Бајденс, која е сопственичка на апликацијата, е под притисок на Пекинг.

Таа социјална мрежа ја оспоруваат и надвор од САД. Во Индија Тикток е блокиран од 30 јуни и е на списокот на 59 кинески апликации блокирани за да се обезбеди „безбедноста и индискиот суверенитет на сајбер просторот“, а Пакистан неодамна побара од управата на Тикток да ја блокира целата „неморална, непристојна и вулгарна“ содржина.

Тикток постои од 2016 година и има над 800 милиони активни корисници, главно од 16 до 24 години, од кои дури 43 отсто се во Индија. Само во Соединетите Држави таа апликација има 30 милиони активни корисници месечно.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе