Трамп најави дека има нов лек за коронавирус и дека наскоро ќе биде достапен

Претседателот Доналд Трамп рече дека на американската Управа за храна и лекови (ФДА) ѝ наложил да ги елиминира бариерите за да добие третман за коронавирусот.

Трамп изјави дека овозможил лекот што се користи против маларија – хидроксихлорокин - да се тестира на пациенти заразени со коронавирус и дека досега покажува добри резултати, пренесува Си-ен-ен.

Трамп тврди дека речиси веднаш би можел да биде достапен за лекување на ковид-19.

„Веќе долго време се користи, па така знаеме дека ако не делува како што предвидуваме, сепак нема да убие некого“, рече денес Трамп од Белата куќа пред новинарите.

Тој рече дека се работи за вообичаен лек што наскоро ќе биде достапен да се „препише на рецепт“ за лечење коронавирус. Трамп вели лекот „ќе промени сè“.

„Треба да ја отстраниме секоја непотребна пречка или многу пречки. И тоа го сторија, со цел брзо да се распореди безбеден, ефективен третман. И мислам имаме добри резултати“, додаде тој.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе