Трамп на заминување ја укина забраната за лобирање на функционерите на администрацијата

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој во Белата куќа влезе делумно со ветување дека ќе го „исуши мочуриштето“ на вашингтонското политичко маневрирање, денес ја отповика својата извршна одредба која им забрануваше лобирање на оние кои работат во администрацијата.

EPA-EFE

Ограничувањето беше воведено набрзо по неговото преземање на должноста во 2017 и беше насочено кон инсајдерската култура против која републиканецот Трамп водеше кампања и ги блокираше вносните ангажмани на политичарите за наместо за сопствените бизнис интереси да работат за доброто на американскиот народ.

Во извршната одредба издадена во текот на ноќта, неколку часа пред завршувањето на неговиот претседателски мандат, Трамп ја повлече сопствената одлука со која на функционерите кои ги именуваше им беше забрането по заминувањето од должноста да лобираат во агенциите во кои работеле пет години и две години кај други функционери. Со таа одлука беше воведена и трајна забрана за лобирање за странски влади или странски политички партии.

Трамп, кој не успеа да освои втор претседателски мандат, официјално замина од должноста на пладне по локално време (18:00 по средноевропско), а функцијата ја презема новиот претседател Џо Бајден.

За време на својот мандат Трамп, кој ја изгради својата бизнис империја на недвижности, а беше и ѕвезда на ријалити шоу, никогаш формално не се одвои од своите бизнис интереси иако кажа дека ја предал секојдневната контрола над бизнисот на двајцата синови. Тој аранжман, за кој етичарите велат дека не спречил конфликт на интереси, отвори правни прашања.

При излегувањето од Белата куќа во 2000 година, по двата мандати, и поранешниот демократски претседател Бил Клинтон ја поништи својата петгодишна забрана за високите функционери на Белата куќа да не смеат да лобираат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе