Трамп на Твитер: Ако Иран сака војна, тоа ќе биде официјалниот крај на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Техеран дека ако сака војна, дека тоа ќе биде „неговиот официјален крај“ преку социјалната мрежа Твитер, додка Вашингтон трупа војска на Блискиот Исток.

Не е јасно што го испровоцирало американскиот лидер, бидејќи сите ирански функционери во последните денови изјавуваат дека сакаат да избегнат воено соочување со САД. Претходно денес, командантот на елитната иранска Револуционерна гарда, генерал Мајорот Хосеин Салами, истакна дека Иран само сака мир, но дека не се плаши воено да се соочи со Америка. „Разликата меѓу нас и нив е тоа што тие се плашат од војна и немаат воља за тоа“, кажа Салами.

Претходно, иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи кажа дека нема да има војна во Персискиот Залив. Меѓутоа, тој додаде дека Техеран нема да се вклучи во преговори за нов нуклеарен договор со САД.

Администрацијата на САД во последно време врши притисок врз Иран со санкции и трупање војска во близина на иранските територијални води. САД и нивните сојузници почнаа да ги интензивираат поморски безбедносни патроли во меѓународните води на Персискиот Залив оваа недела откако Вашингтон ја дополни својата Петта флота.

Во Персискиот Залив беа испратени носачот на авиони УСС Абрахам Линколн и Б-52 бомбардери испратени во регионот како директна порака до Иран.

Не се знае што точно го предизвика зголемувањето на американското воено присуство, а засега различни извори сугерираат верзии од недоразбирање до влијание на Израел.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе