Позната британска новинарка

„Трамп на самитот на НАТО е како Хомер Симпсон кога се обидува да не зафркне нешто“ (ВИДЕО)

Да го гледате претседателот Доналд Трамп на самитот на НАТО во Англија е како да го гледате Хомер Симпсон како оди на прсти обидувајќи се да не предизвика масакр, рече една од најжестоките британски новинарки во емисија на Би-би-си.

„Во мојата глава неговото лице благо е слеано со Хомер Симпсон“, рече во вторникот Емили Мајтлис, зборувајќи за главниот лик на серијата „Симпсонови“, глупав, дебел, мрзлив и неспособен жител на измисленото американско гратче Спрингфилд.

„Го замислувам како оди на прсти по дневната соба во меки папучи, или можеби во оние пуфнести бели папучи што ги добивате во луксузните хотели“.

„Тој очајно се обидува да биде тивок, а во главата му се врти: 'Не го спомнувај Борис. Не го спомнувај брегзитот. Не го спомнувај Борис. Не го спомнувај брегзитот. Не го спомнувај Борис... ДОУ!“, рече Мајтлис, мислејќи на британскиот премиер Борис Џонсон и цитирајќи ја познатата фраза ДОУ од „Симпсонови“.

„И кога веќе се излетал, се удира во ламба и немате поим што ќе направи следно.“

Последниве неколку недели британските новинари го притискаа Трамп да објасни дали во договорот за трговија по брегзитот меѓу САД и Велика Британија ќе биде вклучена Националната здравствена служба (НХС).

Трамп во јуни рече дека НХС, за која анкетите велат дека е најклучното прашање за гласачите во Велика Британија, мора да биде „на маса“ во секој иден трговски договор.

Сепак, сега во вторникот тој им рече на новинарите дека не сака да има ништо со НХС и дека не би ја вклучил во трговските разговори дури ни кога би му била „дадена на тацна“, додавајќи дека нема поим „од каде потекнува таа шпекулација“.

„Како новинар“, рече Мајтлис, „вие сте многу свесни за она што јас го нарекувам 'прекумерно порекнување'. Па пред воопшто да биде поставено прашањето, тој вели ‘Не, никогаш не сум ни помислил на тоа, никогаш не сум слушнал за НХС. Од каде потекнува тоа?' А ние си велиме, 'баш чудно, бидејќи мислам дека тоа потекнува од вас'“.

„Сите бевме присутни во јуни кога тој дојде последниот пат и рече: 'Во трговски договор сè е на маса' и тој едноставно самиот го почна тоа.“

„И сега, ние се обидуваме да сфатиме што се важи: дали се важи Трамп од последниот пат, или Трамп од овој пат, или Трамп што знаеше дека не сака да спомне ништо ама сепак спомна, или Трамп за кој знаете дека сè уште има уште многу што да каже и само чекате тоа да си дојде“.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе