„Свет полн со лаги и измами“

Трамп на новинарката Лесли Стал: Јас сум претседател, ти не си! (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на интервјуто со новинарката Лесли Стал од Си-би-ес ѝ се потсмеваше во емисијата „60 минути“. Ова следеше по инсистирањето на Трамп на ставот дека новинарите погрешно известуваат за неговите одлуки.

„Јас сум претседател, а ти не си“, ѝ рече Трамп во напнатата препирка со новинарката за начинот на кој некои американски медиуми го третираат претседателот.

Новинарката го праша за неговото најголемо изненадување и за новите знаења стекнати како претседател, со оглед дека тој е прв претседател на САД кој претходно не бил на политичка позиција и нема служено војска.

„Порано викав дека дека луѓето за недвижности се најсилни, но тие се бебиња во однос на политичарите. Тоа е свет на најголеми измамници, лош, полн со лаги и измами“, рече Трамп, не наведувајќи пример.

„Никој не успеал да го направи она што јас успеав да го направам, запомни го тоа. Погледни го Тексас, регулативите, договори со други земји, никој не успеал да направи такво нешто“ додавајќи дека „повеќето не се ни обиделе да направат бидејќи знаеле дека се неспособни“.

„Друго нешто што навистина го научив е дека никогаш не знаев колку се нечесни медиумите. Кога ќе ме прашате за сепарација (разделување на членовите на семејствата на границата) и кога ќе ви кажам дека и Обама го правеше, вие не сакате да зборувате за тоа.

„Не“, вели новинарката „ќе го емитувам вашиот одговор, но го кажавте четири пати“.

„Само сакам да кажам дека кон мене се однесувате сосема поинаку на темата“, вели Трамп.

„Не се согласувам, но не сакам за тоа да се расправаме, ќе се расправаме за нешто друго“, рече Стал.

Трамп потоа цинично додаде: „Еј, во ред е Лесли. Во меѓувреме, јас сум претседател, а ти не си.“

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе