За време на интервјуто, тој му ги покажал на Вудворд писмата што му ги испратил Ким Џонг Ун и обратно и го замолил новинарот „да не кажува никому дека му ги покажал“. Меѓу другото, Трамп зборувал и за односите со светските лидери и признал дека немал јасна стратегија зад своите закани кон Северна Кореја.
„Ми се допаѓа Путин. Добро е да се биде во добри односи со Русија, знаеш? Особено затоа што имаат 1.332 еб*ни нуклеарни боеви глави. Добро се согласувам и со Ердоган. Интересно, подобро ми е со тие грубијани отколку со поблагите типови“, кажал Трамп во интервјуто во 2020 година.
По заминувањето од Белата куќа, Трамп беше обвинет дека со себе понел огромен број кутии со доверливи информации и документи, што Трамп решително го демантираше, но сега излезе дека на новинари им давал пристап до многу чувствителни документи.
Тој го опишува Трамп како „суров, профан, измамнички и често зборува со одмазднички тон. Но следниот момент ќе го слушнете како се шегува, како се обидува да ги забавува сите околу себе и како се обидува да ви ја продаде својата приказна. Сакав да објавам што повеќе снимки од разговорите за луѓето да можат да го слушнат и сами да проценат за него“, рече Вудворд.