САД

Трамп на мета затоа што не ја осуди екстремната десница по смртта во Шарлотсвил

Републиканците и демократите велат дека зборовите на претседателот за очигледно намерното убиство на демонстрантот требале да бидат многу построги.

Политичари од сите страни му се нафрлија на Доналд Трамп затоа што експлицитно не ги осуди групите за надмоќ на белците или што не го употреби терминот домашен тероризам, откако викендов една жена беше убиена кога автомобил се заби во демонстрантите против расизмот. Министерството за правда на САД отвори истрага за граѓанските права во врска со смртта.

Во саботата претседателот ја осуди омразата и насилството „од сите страни“ во своите забелешки, но директно не ја издвои надмоќта на белците, чиј обид да одржат голем митинг во Шарлотсвил, Вирџинија, резултираше гувернерот Тери Меколиф, демократ, да повика вонредна состојба. Нередите вклучувајќи ги и судирите со контра-демонстрантите, оставија повеќе од 30 повредени.

Жената која беше убиена со автомобилот што се заби во контра-демонстрантите беше именувана како 32-годишната Хедер Хајер, правен асистент која постојано се залагала за прашања поврзани со граѓанските права на социјалните медиуми, пренесе Гардијан.

 

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе