Трамп на границата со Мексико: „Без ѕидот ќе има многу мртви“ (ВИДЕО)

Претседателот на САД, Доналд Трамп го бранеше ѕидот во градот Мекален, Тексас, на границата со Мексико, својата идеја за изградба на ѕидот, која предизвика расправа со демократите и предизвика делумна парализа на американската администрација.

„Тоа е прашање на здравиот разум. Нив им треба бариера, нив им треба ѕид. Без тоа ќе има само проблеми. И многу мртви“, изјави Трамп, додавајќи дека „нема ништо подобро од ѕидот“.

Американскиот претседател бара 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот кој го вети за време на кампањата, додека неговите политички противници категорично одбиваат да ги деблокираат средствата за проектот кој го сметаат за неморален, скап и неефикасен.

Поради застој во расправата за буџетот, веќе повеќе од две недели, околу 800.000 вработени во сојузната влада не примиле плата. Подолга блокада на сојузната влада „значително би се одразила“ на водечката светска економија, предупреди шефот на американската централна банка Џером Пауел.

Пред да слета во Тексас, Трамп на Твитер објави дека ќе го откаже учеството на Светскиот економски форум во Давос, кој се одржува од 21 до 25 јануари, предупредувајќи на „непопустливоста на демократите“. „Мислам дека е многу полесно да се преговара со Кина отколку со опозициската партија“, оцени Трамп.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе