Не најави дали самиот ќе се кандидира

Трамп на донаторите им вети дека републиканците ќе го освојат Конгресот во 2022

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп се обиде да се позиционира како клучна личност на американската Републиканска партија, порачувајќи им на партиските донатори дека ќе им помогне на републиканските кандидати да го освојат мнозинството во Конгресот во 2022 година, но не објави дали тој самиот повторно ќе се кандидира во 2024 година.

EPA-EFE

Во својот голф клуб во Мар а лаго, Трамп беше домаќин на вечера за донаторите на Републиканскиот национален комитет, кои го минаа викендот планирајќи го идниот курс на партијата, во Палм бич на Флорида.

„Се собравме вечерва за да разговараме за иднината на Републиканската партија и тоа што мораме да го направиме за нашите кандидати да победат“, изјави Трамп во говорот кој им беше доставен на медиумите.

Тој додаде дека е „полн со доверба дека во 2022 републиканците ќе го вратат мнозинството во Претставничкиот дом и во Сенатот, како и дека во 2024 републиканскиот кандидат ќе победи во трката за Белата куќа“.

Трамп помина два и пол месеци по своето хаотично излегување од Белата куќа разгледувајќи ги барањата на кандидатите за изборите за Конгресот во 2022 кои побараа негова политичка поддршка и им го даваше својот „благослов“ во зависност дали го поддржуваат него и неговата агенда.

Кажа дека секоја приказна за неговите сопствени планови, а уставот му дава право да се кандидира за уште еден четиригодишен мандат, треба да причека до по изборите во ноември 2022 година.

Бројни други републиканците размислуваат за потенцијална кандидатура за претседателската номинација на Републиканската партија во 2024, а меѓу нив се поранешниот државен секретар на Трамп Мајк Помпео и гувернерот на Флорида Рон Десантис.

Иако демократскиот претседател Џо Бајден го победи Трамп со повеќе од седум милиони гласови разлика, републиканскиот кандидат им одзема на демократите гласови од нивните традиционални гласачки групи како Латиноамериканците и Афроамериканците.

Трамп, кој во своите говори често го напаѓаше Бајден, кажа дека клучот за победата во 2022 ќе биде да се надгради и зголеми веќе освоеното, порачувајќи дека „Републиканската партија ќе биде успешна и ќе расте во иднина со тоа што ќе ја прегрне својата судбина на заштитник на Американците од работничката класа“.

Активната улога на Трамп во републиканската политика и покрај тоа што ги изгуби изборите во 2020 не личи на ниеден од поранешните претседатели, кои традиционално се повлекуваа од политиката откако ја напуштаа Белата куќа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе