Трамп му забриша првут на Макрон во бизарен и непријатен момент во Белата куќа (ВИДЕО)

Можеби било заталкано парченце кроасан со путер.

Можеби било влакненце, како што сугерираше прес-извештајот на Белата куќа.

Но Доналд Трамп бил убеден дека дамката што тој ја забележал на левото рамо на Емануел Макрон било парче првут, pellicule на француски, и се почувствувал подеднакво сигурен дека мора да го отстрани - дури и пред очите на целиот свет.

„Ние навистина имаме многу посебен однос“, рече Трамп додека тој и Макрон им позираа на фотографите во Овалната канцеларија. „Всушност, јас ќе го тргнам тоа парче првут од тебе... Мора да го направиме совршен. Тој е совршен“.

Веќе долго време се зборува за бујната „броманса“ меѓу Трамп и францускиот лидер, нешто што почна кога тие се впуштија во зглобно ракување за да покажат колку се обајцата јаки, вели британски Индипендент.

Пред тридневната државна посета на Макрон, првиот странски лидер што е почестен со државна посета откако е избран Трамп, многу се зборуваше за репутацијата на францускиот лидер како „шепкач во увото на Трамп“ - некој што би можел да работи со американскиот лидер, дури и ако не се согласува со него за сè.

Во исто време, експертите го предупредуваа Макрон да не игра премногу на таа карта: сите знаат колку Трамп мрази да биде „воден“.

Затоа е можно, навидум пријателскиот гест на Трамп пред камерите да не е ништо друго освен мошне пресметан и планиран „ластик по главата“ на својот гостин пред овој да успее да се занесе во улогата, вели британскиот медиум.

После Трамп слободно ќе може да го фали својот гостин: „Тој направи добра работа, одлична работа. Тој ќе биде одличен претседател на Франција. Чисто предвидување.“

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе