„Нема да имате сидро околу глуждот“

Трамп му вети на Џонсон голем трговски договор со САД после брегзит (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп вети „многу голем трговски договор" со Велика Британија после брегзит, изјавувајќи дека за Велика Британија напуштањето на ЕУ ќе биде како ослободување од „сидро околу глуждот".

Трамп ја даде изјавата по работниот појадок со британскиот премиер Борис Џонсон на маргините на самитот на Г7 во Бијариц, Франција, пренесе Би-би-си.

Ова е прва средба на двајцата лидери откако Џонсон стана британски премиер.

Говорејќи пред новинарите по состанокот, Трамп рече дека договорот со Велика Британија ќе биде постигнат „брзо“.

„Ќе склучиме многу голем трговски договор, поголем отколку што некогаш сме имале со Велика Британија. И во еден момент тие нема да имаат пречка, нема да имаат сидро околу глуждот, бидејќи сега го имаат“, рече Трамп.

Воочи разговорот со Трамп, Џонсон зборуваше дека постојат големи можности за Велика Британија на американскиот пазар. Тој исто така додаде дека САД мора да го отворат својот пазар за да се договорат трговски договор после брегзит.

„Мислам дека не продаваме ниту едно парче британско јагне во САД, не продаваме говедско“, рече Џонсон.

Нивната утринска средба е одржана пред целодневните разговори со другите светски лидери на самитот.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе