Трамп му се заканува на Конгресот со мерка која никој не ја користел во историјата на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Конгресот со прекин на заседавањето, незадоволен од блокадата на именување судии и функционери.

„Ако Претставничкиот дом не се согласи на прекин на заседавањето, ќе ги искористам своите уставни овластувања и самиот ќе го прекинам заседавањето на двата дома“, им кажа Трамп на новинарите во Белата куќа, на брифинг свикан за пандемијата на коронавирусот.

Конгресмените не се во Вашингтон уште од март поради препораките на владините функционери и здравствените експерти до Американците да останат дома за да се избегне ширењето на вирусот.

Како што е вообичаено во такви ситуации, Претставничкиот дом и Сенатот продолжуваат со редовни формални кратки седници кои понекогаш траат пократко од минута.

Сѐ додека се одржуваат таквите седници, претседателот по закон не може да именува функционери ако претходно не ги одобри Сенатот.

„Актуелната пракса на заминување од градот додека истовремено се одржуваат лажни про-форма седници претставува занемарување на должноста“, кажа Трамп.

Претседателот може да го прекине заседавањето со Конгресот само ако двата дома не можат да постигнат формален договор за прекин. Ниеден претседател досега не го искористил тоа овластување.

Трамп се жали дека некои негови кандидати со месеци чекаат потврда на именувањето, а потоа се закани дека ќе го присили Конгресот на прекин на заседавањето. Призна дека таквиот потег би бил правно оспорен, но е уверен дека на крајот би ја добил битката.

„Веројатно ќе бидеме оспорени пред судот, но ќе видиме кој ќе победи“, кажа Трамп.

Претседателот тврди дека именувањата кои ги бара се важниз а сузбивање на пандемијата, но не објасни зошто.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе