Трамп му се нафрли на Фокс њуз: Неблагодарни се, заборавија кој им помогна

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се нафрли на телевизијата Фокс њуз обвинувајќи ја дека е неблагодарна.

EPA-EFE

„Бев во Ер форс уан, летав во големата држава Тексас, каде што тукушто слетав. Чудесно беше да се гледа Фокс њуз“, напиша тој на Твитер. „Во однос на пред неколку години. Дури негледливо. Целосно заборавија кој им помогна да дојдат таму каде што се денес!“

Трамп често гостува во утринското шоу Фокс енд френдс и може да смета на конзервативната мрежа во вечерните емисии за да ги промовира своите идеи, но не учествува во дневната програма која тежнее да биде поумерена.

Својот твит за Фокс њуз го објави вчера попладне откако слета во Тексас, инаку жариште на пандемијата на ковид-19, за во тоа свое упориште да собере пари од републиканците за претседателските избори во ноември.

Не е јасно што во програмата на Фокс го вознемирило во текот на летот, но познато е дека постојано ги критикува анкетите што ги објавува Фокс, а според кои заостанува зад демократскиот кандидат Џо Бајден, со кој ќе се натпреварува за новиот мандат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе